Почина Џо Руби, еден од креаторите на Скуби Ду

Џо Руби, eден од авторите на анимираната серија Скуби Ду, почина на 87 годишна возраст.

Руни, кој ги создаде саканите цртани ликови со својот креативен партнер Кен Спирс, почина во Калифорнија, од природна смрт.

„Никогаш не престана да пишува и создава, дури и кога старееше“ – изјави неговиот внук Бенџамин Руби.

По веста за смртта на Руби, неговите и фановите на ликовите од Скуби Ду, на социјалните мрежи му заблагодаруваат за тоа што им помогнал да имаат прекрасно детство.

Откако служел во американската морнарица, Руби ја почна својата кариера во продукцијата на Дизни, пред да го запознае Спирс при работењето за продукцијата Хана-Барбера.

„Scooby-Doo, Where Are You“ прв пат беше емитуван во 1969 година.

„Мислевме дека нема да трае ниту една сезона“ – вели Спирс.

Руби, Спирс и дизајнерот на карактери Ивао Такамото испробаа неколку инкарнации, меѓу кои и обиди за создавање ликови како дел од рок мизеријата, пред да се согласат да бидат денес познатите ликови Фреди, Велма, Дафне, Шеги и познатото куче Скуби Ду.

Scroll to Top