Почина диџеј Кеј Слеј по четири месеци борба со короната

Пионерот на хип-хоп музиката, диџеј Кеј Слеј, почина на 55 години, по четири месеци борба со короната. Веста за неговата смрт ја потврди семејството.

„Нашите срца се скршени поради смртта на Кит Грејсон, професионално познат како диџеј Кеј Слеј. Секогаш ќе остане доминантна фигура во хип-хоп културата со милиони фанови ширум светот и ќе биде запаметен по неговата страст и извонредност, оти остави наследство што ќе ги надмине генерациите“.

Во текот на својата кариера издаде десетина албуми, а последниот од нив беше промовиран лани. Направи и преку 500 ремикси на светски хитови.

Scroll to Top