Почина едногодишниот внук на Шерон Стоун, му откажаа органите

Холивудската глумица Шерон Стоун сподели тажна вест дека починал внук ѝ Ривер Вилијам Стоун. Ривер во септември требаше да наполни една година. Тој е син на братот на Шерон, Патрик. Глумицата неколку дена претходно откри дека момчето паднало во кома по откажувањето на органите.

„8 септември 2020 година – 30 август 2021 година“, напиша таа покрај видеото што го објави на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Шерон, која на почетокот на годината го крштеваше бебето, пред неколку дена објави фотографија од Ривер, кој лежи на болнички кревет интубиран и опкружен со жици. Таа ги замоли обожавателите да се молат за него и за нејзиното семејство.

„Мојот внук и кумашинче Ривер денеска беше пронајден во својата лулка откако неговите органи целосно му откажаа. Молете се за него. Потребно ни е чудо“, напиша тогаш Шерон.

„Ова ми го крши срцето“, „Плачам, многу ми е жал, Шерон. Беше прекрасно момче. Ти испраќам љубов на тебе и на твоето семејство“, ѝ одговорија обожавателите и ѝ изразија сочувство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Scroll to Top