Почина Фред Вилард од „Модерно семејство“

Актерот Фред Вилард почина на 86-годишна возраст. Вилард во текот на богатата кариера остварил бројни улоги, а на публиката ѝ е најпознат по улогите во сериите „Сите го сакаат Рејмонд“ и „Модерно семејство“. Веста за смртта ја потврди и неговата ќерка Хоуп за магазинот „Пипл“.

„Мојот татко вчера мирно почина во фантастични години – 86. Беше активен, продолжи да работи и да нè развеселува до самиот крај. Многу го сакавме“, изјавила таа.

Од актерот преку социјалните мрежи се прости и актерката Џејми Ли Кертис.

„Збогум, господине Фред Вилард. Многу сме среќни што сме сведоци на неговите големи таленти. Ти благодарам што нè смееше додека не нè заболи стомакот. Сега си со својата Мери“, напиша глумицата.

Тага поради неговата смрт изрази и глумецот Џеси Тајлер Фергусон, кој имаше една од главните улоги во „Модерно семејство“.

„Почивај во мир, драг Фред Вилард. Секогаш ќе бидеш вистински оригинал и многу сум почестен што нашите животи се вкрстија. Никој нема да може да ја замени твојата генијалност“, напиша Фергусон на „Твитер“.

Scroll to Top