Почина гитаристот на групата „Кис“

Американскиот гитарист и продуцент, Боб Кулик, познат по работата со рок групата „Кис“, почина на 70-годишна возраст. Неговиот брат и поранешен член на групата, Брус Кулик, ја потврди веста на „Твитер“. Причината за смртта засега не е позната.

„Јас сум уништен што морам да објавам дека умре мојот брат, Боб Кулик. Ние секогаш треба да ја славиме неговата љубов кон музиката и талентот на музичар и продуцент. Ве молам, почитувајте ја приватноста на семејството во овој тажен момент“, напиша тој.

Според магазинот „Пипл“, Кулик не свирел цело време со „Кис“. На аудицијата за водечки гитарист во рок-групата, Кулик изгубил, а местото го добила Ејс Фрил. Но тој останал пријател со пејачот Џин Симонс и гитаристот Пол Станли, па благодарение на тоа, снимил неколку албуми со групата, вклучувајќи ги Alive II, Unmasked и Creatures of the Night.

Scroll to Top