Почина глумецот Чарлс Кимброу

Глумецот Чарлс Кимброу почина на 86 години. „Њујорк тајмс“ пишува дека починал во Калвер Cити, Калифорнија, САД, на 11 јануари.

За потсетување Кимброу публиката го знаеше како Џим Дијал од телевизиската серија „Марфи Браун“. Глумеше во сите 247 епизоди од серијата, а се појави и во продолжението од 2018 година.

Серијата траеше од 1988 до 1998 година, а глумецот беше и номиниран за „Еми“ за оваа улога.

Scroll to Top