Почина холивудската дива Керол Линли

By

Ѕвездата од The Poseidon Adventure, Керол Линли починала по претрпен срцев удар, изјавил нејзиниот пријател, актерот Трент Долан. Семејството изјавило дека Керол познатата актерка починала мирно во сон.

dobivaj vesti na viber

Нејзината ќерка Џил Селсман изјавила дека Керол сакала да глуми исто како што сакала да оди и во кино. Линли е родена во 1942 година во Њујорк, а кариерата ја започнала како детски модел.

Во 1958 година играла во главната улога како тинејџерка која очајнички барала абортус во претставата Blue denim на „Бродвеј“. Глумела и во филмската верзија од 1959 година, што и ја донело и номинацијата за „Златен глобус“.

Линли глумела и во филмовите Return to Peyton Place (1961) The Pleasure Seekers (1964) и Bunny Lake is Missing (1965). Улогата по која таа станала најпозната е пејачката Нони Пери во филмот The Poseidon Adventure од 1972.

„Сите ја сакаа таа улога“, изјавила актерката во едно од своите последни интервјуа.

Линли која имала долга врска со водителот Дејвид Фрост, исто така излегувала и со Франко Синатра, а била во брак и со Мајкл Селсман.

 

 

Ќе ви се допадне

sun win

sunwin club tải sunwin apk game bài sunwin

sun win

sun win

game bài sunwin tải sunwin tải sunwin apk