Почина холивудскиот актер Рио Хакфорд

Актерот и сопственик на неколку клубови, Рио Хакфорд, почина на 53 години. Причината за неговата смрт сè уште не е откриена, но брат му Алекс им откри на американските медиуми дека Рио починал на плажата Ханингтон, веќе некое време бил болен.

Рио е најстариот син на режисерот Тејлор Хакфорд, а е посинок на познатата британска глумица Хелен Мирен.

Глумеше во многубројни филмови и серии. Актерската кариера ја почна со мала улога во класиката „Убава жена“ во 1990 година, а веднаш потоа се појави во неколку серии. Последниве години немаше некоја голема улога иако глумеше во хит-серијата „Мандалоријан“, а последната улога ја имаше во серијата „Пам и Томи“.

 

Scroll to Top