Почина илузионистот и комичар Џонатан Џон Шелес

На 63-годишна возраст почина познатиот илузионист и комичар Џонатан Џон Шелес, познат уште како Неверојатниот Џонатан. Тој живееше и твореше во Лас Вегас, а беше роден во Детроит, САД.

Веста ја потврди фирмата „Нептун сосајети“ од Лас Вегас, која е одговорна за услуги за кремирање. Тие соопштија дека актерот починал во петокот, по што ги координирала услугите со неговото семејство. Сопругата на Шелес, магионичарката Анастејжа Син, соопшти на Твитер дека тој ги минал последните денови в болница.

Во 2014 година, Шелес на свој настап во Лас Вегас откри дека му била дијагностицирана тешка кардиомиопатија и дека има уште една година живот, па многумина мислеа дека се работи за шега. Подоцна, во 2019 година, обвинувањата дека вешитот илузионист „ја лажирал својата смртоносна болест“ беа документирани во филмот „Документарец за Неверојатниот Џонатан“.

Во филмот се работи за неговото враќање на сцената, откако комичарот преживеа подолго отколку што лекарите очекуваа, но при снимањето јасно се гледа дека тој навистина е тешко болен.

Scroll to Top