Почина италијанската глумица Дарија Николоди

 

dobivaj vesti na viber

Познатата италијанска глумица и сценаристка Дарија Николоди почина на 70 години. Трагичната вест ја потврдија нејзината ќерка, глумицата Асија Арџенто, на „Инстаграм“.

Николди е позната по заедничкото сценарио со својот сопруг, режисерот Дарио Арџенто, за филмот „Суспирија“ од 1977 година.

Двојката се раздели во 1985 година, а во меѓувреме Дарија глумеше во неколку негови филмови, како што се „Длабка црвена“, „Инферно“, „Феномен“, „Опера“ и други.

Покрај Асија, Дарија има уште една ќерка, Ана, која ја добила од бракот со скулпторот Марио Сероли. Дарија актерската кариера ја заврши во 2009 година.

 

Scroll to Top