Почина италијанската пејачка Милва која го отпеа хитот „Бела, Чао“

На 82 годишна возраст, во својот дом во Милано, почина италијанската пејачка Марија Илва Бокати, позната како Милва. Милва почина по долгата и тешка битка со болеста.

Таа беше популарна особено во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век, а е позната по голем број нејзини италијански хитови, меѓу кои и „Бела, чао“.

Особено беше препознатлива по нејзината црвенкаста коса. Беше многу популарна во Италија, но и надвор од земјата, особено во Латинска Америка, Шпанија и Германија. Во Франција ја споредуваа со Едит Пјаф.

Милва во 2010 го издаде својот последен албум. Многумина ја довикуваа со нејзиниот прекар Ла Роса. Таа неодамна се вакцинираше против ковид 19 и апелираше целата нација да се вакцинира за заедно го победат вирусот.

Scroll to Top