Почина Иван Рајтман, режисерот на филмовите „Истерувачи на духови“ и „Близнаци“

Режисерот и продуцент Иван Рајтман почина на 75 години. Се прослави како режисер на некои од најомилените комедии од крајот на 20. век, „Истерувачи на духови“,  „Близнаци“ и „Полицаецот од градинката“.

Рајтман е роден во Чехословачка, а пораснал во Канада, откако неговото семејство избегало од комунистичкиот режим. Во Канада учел како се снимаат филмови. Стана познато име во Холивуд во 1978 година како продуцент на National Lampoon’s Animal House.

По ова сними неколку филмови со Бил Мареј, а најголемиот заеднички успех го постигнаа 1984 со „Истерувачи на духови“. Филмот заработи речиси 300 милиони долари и доби две номинации за Оскар.

Во 1990те, Рајтман сними и три комедии со Арнолд Шварценегер: „Полицаецот од градинка“, „Џуниор“ и „Близнаци“. Единствената номинација за Оскар ја доби во 2010 како продуцент на „Горе во воздухот“.

Scroll to Top