Почина легендарниот џез-музичар Чик Корија

Легендарниот џез-музичар Чик Корија почина на 79 години од редок вид рак, кој неодамна му бил откриен, пишуваат медиумите. Познатиот американски клавијатурист лани го издаде својот последен албум. Тој е е четвртиот најноминиран уметник во историјата на  наградите „Греми“.

Има 23 освоени награди од 65 номинации, што претставува рекорд меѓу џез-музичарите.

Корија има свирено со Мајлс Дејвис во 1960-тите, а потоа основал своја група која стана предводник на џез-фјужн движењето, експериментирајќи со различни жанрови и стилови.
Исто така бил и дел од голем број музички проекти, а со еден од нив настапи и на Скопски џез фестивал во 2009 година. Во својата порака до фановите непосредно пред да почине, Корија кажа:
„Би сакал сите оние кои имаат и најмала желба за свирење, пишување музика или настапување да го прават тоа, ако не за нив, тогаш за сите нас останати. Не дека на светот му требаат уште уметници, туку зашто така е позабавно“.
Scroll to Top