Почина Лис Асија, првата победничка на „Евровизија“

На 94-годишна возраст денеска почина Лис Асиа, првата победничка на „Евровизија“ од 1956 година.

Родена е во Руперсвил, Швајцарија. Кариерата ја почнала како танчерка, но набргу му се посветила на пеењето. Во текот на долгата и успешна кариера, таа настапила пред кралицата Елизабета Втора, пред египетскиот крал Фарук, а пеела и за Ева Перон.

Најголемиот успех го постигнала со победата на „Евровизија“. На ова натпреварување настапила и 1957 и 1958 година, но без поголем успех. Сепак, останала голем поддржувач на „Евровизија“, па во 2008 година во Белград го означила почеток на гласањето, во 2012 година повторно се натпреварувала на домашниот швајцарски избор, а во 2016 година во Шведска имала средба со фановите на ова натпреварување.

Scroll to Top