Лин Коен, која публиката кај нас ја запозна како Магда, домашната помошничка на Миранда од „Сексот и градот“, почина на 86 години. Таа беше американска театарска, телевизиска и филмска актерка.
Лин е родена во Канзас Сити 1933 година, а најпознати улоги и се во „Минхен“ на Спилберг, каде ја играта Колда Миер, потоа Магс во филмот „Игра на гладните“, а се појавила и во многу други филмови, главно во епизодни улоги, како и во ТВ-серии. Таа била меѓу омилените актерки и во театарот, на Бродвеј, каде играла во многу претстави и добивала многу награди.