Почина Марк Ланеган, еден од пионерите на гранџ-музиката

Американскиот пејач и композитор Марк Ланеган, кој e еден од пионерите на гранџ-музиката, почина на 57 години во својот дом во Ирска. Тој долги години беше фронтмен на групата „Скриминг трис“, но истовремено градеше успешна соло кариера. Лани се заразил со корона и се лекувал со месеци, по што бил ставен во вештачка кома. Но, причината за смртта не е објавена.

Ланеган сними седум албуми со „Скриминг трис“, пред групата да се распадне во 2000 година. Во меѓувреме издаваше и соло албуми, од кои последниот, единаесетти, излезе пред две години. Тој беше и редовен соработник на групата „Квинс оф д стоун ејџ“ и со нив свиреше на пет албуми.

Пред седум години, Ланеган одржа концерт во Младински културен центар во Скопје.

Scroll to Top