Почина гитаристот Питер Грин, еден од основачите на британската рок група „Флитвуд мек“. Музичарот почина на 73 годишна возраст, а неговото семејство објави дека починал мирно во сон.
Неговата кариера започна во 1967 година, кога ја основал групата „Флитвуд мек“ со тапанарот Мик Флитвуд. Настапуваше како гитарист и пејач се до 1970 година, кога ја напуштил групата поради здравствени проблеми.
Му била дијагностицирана шизофренија, по што Грин добар дел од седумесетите години ги поминал на психијатриско лекување. Кариерата ја продолжил во 1979 година, период во кој снимил неколку соло албуми.
Со другите членови од групата Грин во 1998 година бил примен во Рокенрол халата на славните. Магазинот „Ролинг стоун“ го вклучи на својата листа на 100-те најдобри гитаристи на сите времиња.