На 89 годишна возраст почина американскиот режисер Боб Рафелсон . Информацијата ја потврди Мики Доленц, пејач и тапанар на групата „Манкис“.
„За жал, Боб почина, но имав можност да му испратам порака во која ќе му кажам колку сум вечно благодарен што виде нешто во мене. Ти благодарам од се срце пријателе”, напиша тој.
Познат по својата работа за време на ерата на Новиот Холивуд, Рафелсон често соработуваше со актерот Џек Николсон. Дуото работеше на филмот „Five Easy Pieces“ кој на Рафелсон му донесе две номинации за Оскар, за најдобар филм и најдобро сценарио во 1971 година. Едно од неговите познати дела е филмот „Поштарот секогаш ѕвони двапати“. Рафелсон ја создаде ТВ серијата „The Monkees“, освојувајќи ја наградата Еми за извонредна хумористична серија со Берт Шнајдер во 1967 година.
View this post on Instagram