Почина сопругот на Том Форд со кого 35 години беше во љубов

Модниот уредник Ричард Бакли почина на 72 години. Тој 35 години беше во љубов со светскиот дизајнер Том Форд (60). Бакли почина во неговиот дом во Лос Анџелес.

„Со голема тага Том Форд сака да соопшти дека неговиот сакан сопруг Ричард Бакли почина мирно во неговиот дом. Покрај него беа Том и нивниот син Џек. Ричард почина од природна смрт, по долга болест“, стои во објавата што компанијата на Форд го испрати до „Вог“.

Ричард беше назначен за заменик-уредник на Вог за мажи во 1999 година, откако неколку години работеше како новинар во бројни весници и магазини. Во тоа време се запозна со Том Форд кој беше на почетокот на кариерата. Парот се венча во 2014 година.

Scroll to Top