Почина Тања Малет, една од најубавите бонд-девојки

Актерката Тања Малет почина на 78-годишна возраст, потврдено е на официјалниот твитер-профил на Џејмс Бонд филмовите.

„Жал ни е што Тања Малет нè напушти, нашите мисли се со нејзиното семејство и пријателите во овој тажен момент“, пишува на Твитер.

Малет својата кариера ја почнала како манекенка, на 16-годишна возраст и била една од најпрепознатливите британски убавици на крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години. Улогата Тили Мастерсон во филмот „Goldfinger“ била прва нејзина филмска улога.

По улогата во третиот „Бонд“, Тања одлучила да му се врати на моделството.

„Снимањето навистина ми беше интересно, но секогаш повеќе сакав да работам во студио со фотограф и асистент. Ограничувањата кои ни се поставени за време на снимањето на филмот ме излудуваа. Не смеев да јавам, за да не паднам и да се повредам, ниту ми беше дозволено да патувам надвор од земјата. Не би можела така да живеам цел живот“, рекла таа своевремено.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top