Почина Тери Џонс, основачот на „Монти Пајтон“

Тери Џонс, ѕвездата и основач на „Монти Пајтон“, почина на 78-годишна возраст, објави неговиот агент. Веста ја потврди и неговото семејство, објавувајќи дека со него биле до последен момент. Во 2016 година на комичарот му беше дијагностицирана деменција, а со текот на времето неговата болест се влошувала.

Џонс беше еден од основачите на легендарната група „Монти Пајтон“. Освен како актер работеше и како сценарист, продуцент, режисер, историчар, поет и автор на книги. Џонс беше оженет со Ана Садерстри. Имаше три деца: Сали (46), Бил (44) и Сири (10).

Scroll to Top