Почина ѕвездата од „Џон Вик“, Ленс Редик

На шеесетгодишна возраст почина глумецот Ленс Ридик. Познат беше по улогите во серијата The Wire и филмската франшиза Jhon Wick, пренесе „ТМЗ“. Ридик бил пронајден во петокот во неговиот дом, а засега причините за неговата смрт не се објавени.

Редик глумеше и во сериите „Изгубени“, „Бош“, „Оз“, како и во филмовите „Ангели кои паѓаат“ и „Гоџила против Конг“.

Актерот го промовираше својот најнов филм „Џон Вик 4“ и во оваа прилика требаше да гостува во бројни емисии. Требаше да гостува во шоуто на Кели Кларксон следната недела, а последната фотографија која ја објави на Инстаграм е во четвртокот, ден пред неговата смрт.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lance Reddick (@thereallancereddick)

Scroll to Top