Почина ѕвездата од филмот „Мои песни, мои сништа“

By

Актерката која го играше ликот на Луис фон Треп во култното остварување „Моите песни, моите сништа“ почина на 69-годишна возраст.

Актерката Хедер Мензиес Урих починала на Бадник, на 24 декември, по четири недели откако лекарите ѝ дијагностицирале тумор на мозокот. Тоа го потврди и нејзиниот син Рајан, пренесува ТМЗ.

„Хедер беше дел од семејството. Навистина нема друг начин на кој можам да ги опишам членовите од екипата на филмот ‘Мои песни, мои сништа’. Беше весела и позитивна членка во групата со седум деца. Среќни сме што ја познававме и таа и понатаму ќе живее во тој прекрасен филм. Ни недостигаш“, се наведува во изјавата на носителот на авторски права, композиторот Роџерс и Хамерштајн.

Хедер во 1965 година, кога премиерно е прикажано остварувањето „Мои песни, мои сништа“, имала 15 години. Главните улоги во споменатиот филмски мјузикл ги играа Џули Ендрјуз и Кристофер Пламер. Хедер е родена на 9 декември 1949 година во Торонто, а била во брак со актерот Роберт Урих со кого и глумеше во неколку наврати.

„Остварувањето ‘Мои песни мои сништа’ освои пет „Оскари“, меѓу кои за најдобар филм, режија и музика, а секако ја одбележа кариерата на Џули Ендрјуз. Клучот на успех на овој филм се гледа во тоа што е добро изработен, има одлична музика и ефективна сценографија, а тука се и авантурите и љубовните приказни.

Филмот кој го освои целиот свет е базиран на вистинска приказна за семејството Фон Трап, кое во 1938 година од нацистите побегнало во САД, каде што настапувале како семејството Трап.

Песните од филмот „The Sound of Music”, „Do- Re- Mi” и „My favorite things” станаа класици кои денеска често ги изведуваат Лејди Гага, Мери Џеј Блајџ и Кели Кларксон.

 

 

 

Ќе ви се допадне