Почина ѕвездата од „Полициска академија“, Арт Метрано

Американскиот актер и комичар Арт Метрано, познат од серијалот „Полициска академија“, почина на 84-годишна возраст. Метрано починал од природна смрт, во својот дом на Флорида. Од него се простија семејството и најблиските.

„Вчера го изгубив најдобриот пријател, ментор, татко. Беше и остана најтешкиот човек кого го познавам. Никогаш не сум сретнал некого кој имаше повеќе несреќи од него. Тој со години се бореше за да го гледам како неуништлив, но вистината е дека не живееме вечно на земјата, туку човековиот дух може засекогаш да живее во нас. Тато, ти секогаш ќе бидеш дел од мене и јас ќе продолжам да го живеам твоето наследство. Кога некој го смислил цитатот легендите никогаш не умираат прилично сум убеден дека мислел на тебе тато. Почивај во рајот. Сега си мојот ангел чувар“, рече неговиот син, Хари Метрано.

Метрано глумеше во бројни улоги како All in the family, Barney Miler, Kolchak: The Nigt Stalker Strasky & Hutch и во The Incredible Hulk, но, најмногу остана познат по полицаецот Ерни Маузер, во двете продолженија на „Полицика академија“.

Кариерата му прекина на крајот на осумдесеттите, откако доживеа несреќа по која остана делумно парализиран.

Scroll to Top