Почна снимањето на вториот дел на блокбастерот од 2018 „Блек Пантер“. Веста ја потврди директорот на „Марвел“, Кевин Фиџ, но не кажа како ќе изгледа новиот филм, откако Чедвик Боузман, кој ја играше главната улога, лани почина.
„Јасно е дека ќе биде многу емотивно без Чед. Ама сите се многу возбудени затоа што повторно ќе го претстават светот на Ваканда. Чед би бил многу горд на тоа што ќе го направиме“, изјави Фиџ.
За тоа како ќе се снима продолжението без Боузман, режисерот Рајан Куглер рече дека „било најтешкото нешто што морал да го направи во неговата кариера“.
„Блек Пантер: Ваканда засекогаш“ треба да се прикажува во кината на 8 јули следната година.