Поведена кривична постапка против Жерар Депардје поради обвинение за силување

Француското правосудство денеска потврди дека повело кривична постапка против актерот Жерар Депардје (73) поради обвинение за силување и сексуална злоупотреба врз основа на тужбата на актерката Шарлот Арно.

„Истражниот совет смета дека во оваа фаза има сериозни наводи што го оправдуваат поведувањето кривична постапка против Депардје за делата извршени во август 2018 година“, соопшти Обвинителството во Париз.

Актерот лани во мај побара тужбата и целата постапка да се поништат. Но, на тоа барање се спротивстави Обвинителството, па предметот се врати кај истражниот судија.

Актерката, која имаше 22 години во август 2018 година, пријави во полиција дека била жртва на силување во домот на Депардје во Париз.

Депардје, кој се прослави со улогите во филмовите „Сирано де Бержерак“, „Човекот со железна маска“, „Последното метро“, „Ќерката на мускетарите“, „Животот за пиење“ и „Астерикс и Обелиск“, лани рече дека е невин и дека нема од што да се плаши.

Scroll to Top