Пол Мекартни до крајот на годината би можел да ја добие титулата Лорд

Легендарниот Пол Макартни кој денеска полни 80 години, до крајот на годината би можел да ја добие титулата Лорд, пишуваат британските медиуми. Тој би можел да стане Лорд, 25 години откако стана витез. Извор за „Сан“  откри дека можно е да влезе во „Домот на лордовите“.

„Тој неверојатно ѝ служеше на британската култура, така што тоа би можело да биде соодветна чест и признание за сето она што го направи за својата земја“, рече изворот.

Музичарот за само една недела ќе биде најстариот изведувач на фестивалот Гластонбери.

„Не е лошо за момче од работничко семејство од Ливерпул кое е на врвот на светските топ листи речиси 60 години. Помеѓу Битлси, работата со Вингс и соло кариерата, Макартни има напишано повеќе од 50 синглови кои беа меѓу првите 10“, пишуваат медиумите.

За време на карантинот го сними албумот McCartney III, кој стана негов прв соло албум на врвот на топ листите во Велика Британија од 1989 година.

Макартни и „Битлси“ минатата година снимија и осумчасовниот документарен филм со режисерот Питер Џексон Get Back. Документареоцт беше за нивниот албум од 1970 година Let It Be.

За потсетување, Макартни во 2011 година се ожени со американската наследничка Ненси Шевел (62) и има осум внуци. Списокот на богаташите на The Sunday Times проценува дека парот заедно вреди 861 милион фунти.

Тој се ожени по тешкиот развод од поранешната манекенка и активистка Хедер Милс во 2008 година, која го напушти по шест години, а му зема 24,3 милиони фунти.

Роден во пристанишниот град Ливерпул во северозападна Англија, Макартни го запознал Џон Ленон кога имал 15 години и заедно го формирале бендот Quarrymen, кој на крајот заедно со Џорџ Харисон и Ринго Стар прераснал во „Битлси“.

Најпознатата слика од нив четворица е на пешачкиот премин на улицата Аби во Лондон. Тие се и најпродаваниот бенд во историјата. Нивната куќа ЕМИ проценува дека продале повеќе од милијарда плочи и касети. Се распаднаа во 1970 година.

Со неговата прва сопруга Линда во 1971 ја основа групата Wings, од која подоцна ќе ги издаде Hey Jude и Blackbird. Линда била истакнат фотограф и активист за правата на животните, а починала од рак на дојка во 1998 година.

Кон крајот на следната година Макартни излезе со нов албум, главно со кавери и ја продолжи традицијата на Битлси, објави техно албум и две класични дела со повеќе од десет соло албуми.

Има снимено и познати дуети со Мајкл Џексон и Стиви Вондер, а во 2012 година настапи со Нирвана во чест на жртвите од ураганот Сенди во Њујорк. Неговата најслушана песна на Spotify, повеќе од која било песна на „Битлси“, е соработка со Канје Вест и Ријана FourFiveSeconds.

Покрај музиката, пејачот се занимава и со сликарство, а го режираше филмот Give My Regards To Broad Street и беше вклучен во активизам во области кои се движат од правата на животните до мирот меѓу Израел и Палестинците.

Има син и четири ќерки, меѓу кои и познатата модна дизајнерка Стела. За потсетување, двајца од четирите Битлси. починаа: Ленон беше убиен во Њујорк во 1980 година, а Харисон почина од рак во 2001 година. Тапанарот Ринго Стар повторно ќе има турнеја подоцна оваа година.

Scroll to Top