Откако легендарниот фудбалер Роналдињо пред два дена беше уапсен во Парагвај, па пуштен на слобода, полицијата повторно го уапси. Тие го уапсија фудбалерот пред да се качи во авион за да ја напушти земјата и го вратија во притвор. Роналдињо и неговиот брат, Роберто Азис, беа притворени заради влез во Парагвај со фалсификувани пасоши. Потоа беа однесени во полициска станица во Асунсион каде што повеќе од шест часа беа испрашувани. Откако полицијата утврдила дека се жртви на измама, ги пушти на слобода.
Адвокатот на Роналдињо, Сержо Квеироз, го потврди апсењето за „Асошиејтед прес“ и рече дека неговиот тим во Парагвај добил дозвола за фудбалерот да се брани од слобода. Тој информираше и дека Роналдињо се подготвува да се врати во Рио Де Жанеиро каде што живее.
Но, откако повторно го уапсија, парагвајските власти најавија дека дополнително ќе одлучуваат дали и колку ќе го држат Ронадињо во затвор, или пак со дополнителни гаранции ќе го пуштат да се брани од слобода.