Полицијата распиша потерница за апсење на Мерилин Менсон

Полицијата во американската држава Њу Хемпшир издаде потерница за апсење на рок-пејачот Мерилин Менсон, поради обвиненија за напад. Менсон (52), е обвинет за физички напад врз снимател за време на концерт во Гилфорд во 2019 година.

Во соопштението, полицијата вели дека пејачот и неговите агенти веќе некое време биле свесни за потерницата, но дека не одговориле на обвиненијата. Секое од двете обвиненија против Менсон носи можна затворска казна помала од една година и парична казна од околу 2.000 долари.

„Наводните напади на пејачот не се од сексуална природа“, стои во соопштението.

Познатиот музичар на почетокот на оваа година се соочи со неколку сериозни обвинувања за сексуално вознемирување и злоупотреба, откако 14 жени го тужеа за силување и физичко малтретирање.

Scroll to Top