Полошо е да си во војска отколку на „Онли фанс“, вели порноѕвездата Миа Калифа

Поранешната порноѕвезда и модел на „Онли фанс“ Миа Калифа изјави дека да се биде во војска е полошо отколку да се биде на „Онли фанс“, барем кога се работи за продавање тела.

Калифа гостуваше во емисијата на нигериско-американскиот комичар Жива Фумудох. Тој ја праша дали има разлика помеѓу „Онли фанс“, секс-индустриите и актерите, кои на некој начин си ги продаваат телата, на што Калифа одговори.

„Искрено, мислам дека според критериумот за продажба на телото, полошо е да си во војска отколку на ‘Онли фанс’ затоа што во армијата го продаваш своето тело на владата“, одговори Калифа.

Комичарот разговорот со Калифа го сподели на својот Тик-ток. Инаку според извештајот на International Business Times, таа е една од најплатените модели на платформата.

Scroll to Top