Понекогаш мислам дека умирам: Кендал Џенер за борбата со анксиозноста

Американскиот топ-модел Кендал Џенер (25) во интервју за „Вог“ првпат отворено зборува за своето ментално и проблемите што ги има поради анксиозноста. Таа вели дека понекогаш се чувствува „како да умира“.

Познатата манекенка првпат се соочила со силна анксиозност на 8 години и во тоа време не знаела што ѝ се случува.

„Се сеќавам дека бев навистина мала, би рекла дека имав 8 или 9 години, а имав отежнато дишење и одев кај мајка ми и ѝ го кажував тоа. Во еден период нападите се смирија“, рекла таа за „Вог“.

Кендал вели и дека како што напредувала нејзината кариера, така нападите се вратиле, а нејзината анксиозност се влошувала.

„Мислам дека прекумерната работа ме извади од контрола. Понекогаш чувствувам дека треба итно да ме однесат во болница, бидејќи мислам дека срцето ми откажува, не можам да дишам и ми треба некој да ми помогне. Понекогаш навистина мислам дека умирам“, вели Кендал.

 

Scroll to Top