Поплавен домот на Џорџ и Амал Клуни во Англија

Луксузниот имот на Џорџ и Амал Клуни во Англија е поплавен, а материјалната штета е огромна, пренесуваат британските медиуми. Домот на глумецот и адвокатката се наоѓа во областа Оксфордшир. Тој се поплавил откако се излеа реката Темза, поради обилните дождови што врнат во земјата веќе неколку дена.

Амал и Џорџ го купија имотот пред пет години за 10 милиони фунти. Луксузниот дом на славниот пар има десет спални соби, сала за вежбање и кино. Според медиумите, ова е еден од омилените имото на Амал, која често го поминува времето таму со своите близнаци Ела и Александар.

Scroll to Top