Популарната актерка Голди Хон тврди дека имала блиска средба со вонземјани: „Видов триаголни глави, бев парализирана, ме допираа по лицето“

Голди Хон ги сподели своите извонредни искуства.

Актерката Голди Хон проговори за нејзината средба со вонземјани во интервју за Apple+ Time to Walk.

Хон изјавила дека се започнало кога имала само 20 години.

„Излегов надвор од куќата и погледнав во ноќното небо. И ги видов сите тие ѕвезди. Се прашував дали сме сами, колку сме мали и дали има други планети со живот. Тогаш реков – Знам дека постоиш, знам дека не сме сами и знам дека ќе те сретнам еден ден“, започна актерката.

Голди Хон посетила пријателка во Калифорнија неколку месеци подоцна и ја замолила да спие во нејзиниот автомобил. Кога заспала, слушнала, како што вели, необичен звук со многу високи фреквенции.

„Потоа погледнав низ прозорецот и видов две или три глави со триаголен облик. Имаа сребрена боја, мал нос и беа без уши. Ме покажаа во колата како да зборуваат за мене, како да сум тема. И тие брмчеа“, рекла Хон, пренесе „24sata.hr“ и додала:

„Бев парализирана, сакав да станам, но не можев.  Не можев да верувам дека имам средба со вонземски живот. Ми го допираа лицето и тоа беше како прст Божји. Тоа беше најмилосрдното и најљубезното чувство. Тоа беше моќно. Бев исполнета со светлина“.

Актерката изјавила дека подоцна имала средби со вонземјани и дека една од нив била во Велика Британија.

 

Scroll to Top