Поради краткото здолниште Георгина ќе биде парично казнета

Парнтерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, ќе биде парично казнета затоа што ги прекрши правилата на облекување во Садуска Арабија, пренесе „Марка“. Жените во земјата се обврзани да го покријат цело тело, а таа неодамна на вечера со Роналдо ја видоа во краток проѕирен фустан.

Кодексот на облекување во оваа земја подразбира скромност и пристојност. Жените мораат да носат абаја, традиционална долга туника со темна боја. Георгина сега ќе треба да плати казна од 100 ријали, односно 25 евра. Казната ќе биде 200 ријали или 50 евра, ако повторно го прекрши правилото.

За потсетување, Георгина и Роналдо живеат во Саудиска Арабија веќе еден месец. Престојуваат во луксузен хотел со пет ѕвезди додека чекаат да се преселат во новиот дом. 

 

Scroll to Top