Светската музичка ѕвезда Стинг поради нарушеното здравје ги откажа сите концерти до недела. Пејачот ги послушал советите на лекарите, кои му препорачале да не настапува во наредниот период.
На неговата службена интернет-страница не се наведени детали за здравствената состојба на пејачот. Вечерва Стинг требаше да настапи во Минхен.
Стинг искрено жали поради откажувањето на концертите и вели дека затоа што не се случува добро, го послушал советот на лекарите кои му препорачале да одмори на настапите.
Музичарот, кој има 100 милиони продадени албуми, поради нарушеното здравје беше принуден во понеделникот да го откаже концертот на џез-фестивал во Белгија.