Поради повреда на ногата, Шварценегер не се појави на неговиот конгрес

Арнолд Шварценегер повторно ги извиси своите обожаватели и следачи кога не се појавил на конгресот поради повреда на ногата.

Тие му се налутија затоа што не им најавил претходно дека ќе дојде, а им ги наплатил влезниците по цена од 84 фунти. Американските медиуми пренесуваат дека гостите биле бесни кога го виделе како глумецот држи говор преку видео.

Слично беше и пред неколку дена кога Шварценгер го откажал присуството на спортски Фестивал во Бирмингем. Ден претходно тој на „Твитер“ објавил дека докторот го советувал да не патува поради повреда на ногата.

„Многу сум вознемирен, не можам да дојдам поради мојата нога. Го повредив стапалото, а докторот ми рече да не патувам. Жал ми е поради тоа. Но, затоа ви ветувам дека в година ќе бидам таму. Ви ветувам“, рече Шварценегер.

Scroll to Top