Поради улогата во филмот „Американска пита“ имав секс со 200 мажи, вели актерката Џенифер Кулиџ

By

Американската актерка Џенифер Кулиџ, најпозната по улогата на Џенин Стифлер во филмот „Американска пита“ во 1999 година, изјави дека улогата имала големо влијание врз нејзиниот сексуален живот.

dobivaj vesti na viber

Со улогата на популарната мајка на Стифлер, таа го привлече вниманието на многу љубовници.

„Тој филм со себе донесе многу придобивки. Да не глумев во него, ќе спиев со околу 200 луѓе помалку“, признала актерката.

Џенифер Кулиџ од „Американска пита“ беше сон на секој американски тинејџер во раните 2000, па и понатаму. Во актерската екипа беа и Џејсон Бигс, Шенон Елизабет и Крис Клајн, а филмот заработи повеќе од 235 милиони долари во кината ширум светот.

Освен во „Американска пита“, Кулиџ имаше забележителна улога во комедијата „Русокосата од Харвард“, каде што ја играше Полет Бонафонте, сопственичка на салон за убавина.

 

Ќе ви се допадне