Поранешната девојка на принцот Хари, Кресида Бонас, ја има главната улога во новиот спот на Џејмс Артур за песната Naked.
Првите фотографии од спотот се појавија точно во времето кога принцот Хари и актерката Меган Маркл ја објавија својата свршувачка. Хари и Кресида, која е исто така актерка, беа во врска од 2012 до 2014 година. На денот на свршувањето на принцот таа на својот инстаграм-профил објавила фотографија што британската јавност ја протолкува како порака до него.
„Колку и да си образован, талентиран, богат или веруваш дека си кул, начинот на кој се однесуваш со другите кажува сè за тебе“, напишала Кресида и го додала хаштагот #вистина.