Поранешната НБА ѕвезда Патрик Јуинг заврши во болница

Поранешната НБА ѕвезда од Њујорк никс, Патрик Јуинг, во петокот на „Твитер“ објави дека е хоспитализиран во болница, откако се покажало дека е позитивен на коронавирусот.

„Овој вирус е опасен и треба сериозно да се свати“, изјавил Јуинг, кој во моментов работи како тренер во Универзитетот „Џорџтаун“.

„Сакам сите да ги поттикнам да бидат внимателни. Сега повеќе од кога било, сакам да им се заблагодарам на медицинскиот персонал и на сите кои беа во првата борбена линија против коронавирусот. Тоа ќе помине и сите ќе се извлечеме од ова“, изјавил тој.

Од неговиот Универзитет, изјавиле дека тој е згрижен и се наоѓа во изолација во една локална болница.

„Тој е единствениот член од машката кошаркарска програма, кој е позитивен на коронавирусот“, е објавено во нивното соопштение до јавноста.

„Оздрави брзо пријателе. Биди силен“, му порачаа преку „Твитер“, играчите на Њујорк никс.

Поранешната НБА ѕвезда има играно 17 сезони, воглавно во дресот на Њујорк никс, а кратко време беше и дел од тимот на Сиетл Суперсоникс и Орландо Меџик. 11 пати беше биран како дел од Ол стар тимот, а има освоено две златни олимписки медали во 1984 година и 1992 година.

 

 

 

Scroll to Top