Поранешната жена му ја честиташе свршувачката на Крис Прат

Глумицата Ана Фарис јавно му ја честиташе свршувачката на поранешниот маж Крис Прат, откако тој објави дека ја побарал за жена ќерката на актерот Арнолд Шварценегер, Кетрин.

„Мило ми е за тебе! Честитки“, напиша Фарис која лани се разведе од Прат по 10 години во брак. Двојката го има 7-годишниот син Џек. Глумицата неколкупати изјави дека таа и Крис се во пријателски односи по разводот.

Американските медиуми пишуваат дека прстенот на Кетрин е дијамант од 5 карати и дека чини помеѓу 150 и 175 илјади долари. Крис Прат и Кетрин Шварценегер првпат се појавија заедно во јавноста во јуни 2018 година, а врската ја почнаа неколку месеци претходно.

Scroll to Top