Поранешниот модел на Викторија Сикрет, Миранда Кер чека четврто дете

Поранешниот модел на Викторија Сикрет, Миранда Кер (40) е бремена со милијардерот Еван Шпигел (33). Заедно имаат два сина, Мајлс (3) и Харт (5). Таа на Инстаграм објави дека ќе сподели возбудливата вест која подоцна ја откри на Снепчет.

Манекенката откри дека очекуваат уште еден син. На фотографијата која ја сподели со своите следбеници се гледаат четири пара тениски чевли, па Миранда навести дека доаѓа нов член во семејството. Ова и е четврто дете, го има и 12-годишен син Флин од бракот со Орландо Блум.

„Многу сум возбудена што можам да го објавам бебето број четири“, напиша Миранда.

За потсетување, Миранда и основачот на Снапчет се венчаа во 2017 година. Шпигел во 2015 година беше најмладиот милијардер во светот, токму преку социјалната мрежа што ја основа.

Scroll to Top