Поранешниот на Меган доби ќерка

Поранешниот партнер на Меган Маркл, Тревор Енгелсон и неговата сопруга Трејси Курланд, добија ќерка, пренесуваат американските медиуми.

Двојката е во врска од 2017 година, а се венчаа година дена по кралската венчавка меѓу принцот Хари и Меган Маркл, односно шест дена откако поранешната кралска двојка го доби синот Арчи. Веридбата падна, две недели по кралската венчавка. Тревор и Меган раскинаа во 2013 година.

Тревор и Трејси на ќерката и го дадоа името Форд Грејс Енгелсон. Дека чекаат дете, Тревор потврди на социјалните мрежи уште во април годинава.

Меган со холивудскиот продуцент беше во врска седум години, а во 2011 година одлучија да се венчаат. Две години подоцна тие се разведоа поради несогалсувањата и честите патувања на Меган. Глумицата тоа време живееше во Торонто, каде ја снимаше серијата „Суитс“.

Тревор пак живееше во Холивуд.

 

Scroll to Top