Поранешниот на Моника Белучи сега е среќен со Тина

Актерот Винсент Касел, поранешен сопруг на Моника Белучи, има нова девојка, 30 години помлада манекенка. Сега првпат во јавноста го покажа неговиот однос со неа.

Со убавата Тина Кунаки е во врска од крајот на 2016 година.

Прво ја криеја својата врска, а овој викенд двајцата објавија фотографии на „Инстаграм“, додека убавата Италијанка напиша „Мојата љубов“.

„Се запознавме како и сите други луѓе. Двајца што се наоѓаат на исто место во исто време и се привлекуваат“, вели таа за Paris Match.

Французинот со Моника Белучи беше во брак 14 години со која ги има двете ќерки Дева и Леони.

Scroll to Top