Поранешниот сопруг на Бритни Спирс бара уште пари за алиментација

Раперот Кевин Федерлајн, поранешен сопруг на Бритни Спирс, побарал од пејачката повеќе пари за издржување на нивните деца, синовите Џејден и Шон Престон. Како што пишува TMZ, Федерлајн го повикал таткото на неговата поранешна сопруга, Џејми, и му побарал уште пари затоа што, како што самиот изјавил, имал финансиски проблеми.

Кевин наводно добивал 20.000 долари годишно за издржување на децата, но, како што стојат работите, тие не му биле доволни. Адвокатите на Федерлајн истакнале дека синовите Џејден (11 години) и Шон Престон (12 години) пораснале и дека му се потребни повеќе пари од тие што ги добива.

Неговите адвокати исто така се распрашувале за успешните настапи на Бритни Спирс во Лас Вегас од кои, наводно, пејачката заработила еден куп пари.

Целата оваа ситуација го изнервирала таткото на Бритни, Џејми, кој го прашал Федерлајн каде завршуваат тие 20.000 долари што ги добива секој месец!

Господинот Спирс навел дека успехот на неговата ќерка нема никаква врска со потребите на Шон Престон и Џејден, и дека Бритни не е одговорна за издржување на Кевин, како и за издржување други семејства.

Спирс по разводот во 2007 година му платила на Федерлајн 1,3 милиони долари, а до денес му дава огромни пари за издржување на децата.

 

 

Scroll to Top