Поранешните на Џони Деп, го бранат глумецот додека е на суд со Амбер Херд

Поранешната партнерка на холивудскиот глумец Џони Деп, пејачката Ванеса Парадис, се стави во одбрана на таткото на нејзините деца, за време на судскиот процес против глумицата Амбер Херд.

Деп и Ванеса имаат две деца, ќерката Роуз (20) и синот Џек (18). Таа за време на судскиот процес кој Деп го води против неговата сега веќе поранешна девојка Амбер, вели дека тој не е насилен тип и дека не е можно физички да ја злоставувал Амбер, пишува „Метро“.

Деп беше обвинет од Амбер за семејно насилство. Британските медиуми во повеќе текстови го нарекоа глумецот дека е злоставувач на жени. Деп го застапува познатиот адвоакт Дејвид Шерборн, кој изјавил дека неговиот клиент откако ја прекинал врската со Ванеса на крајот на 2012 година, почнал да се гледа со Амбер.

Шерборн вели дека тогаш почнале првите гласини дека Деп бил насилен тип.

„Го познавам Деп повеќе од 25 години. Бевне заедно 14 години и одгледавме две деца. Во текот на сите тие години, Џони беше драг, внимателен и великодушен тип и никогаш не беше насилна личност, ниту татко. Никогаш не беше наслен кон мене“, изјавила Ванеса.

И нивната ќерка Лили Роуз, застана во одбрана на нејзиниот татко, уште во 2016 година. Таа го поддржа преку социјалните мрежи.

„Мојот татко е драга и сакана личност. Не беше ништо друго, освен прекрасен татко и на мене и на мојот помлад брат. Сите кои го познаваат, го велат истото“, вели Лили.

Најновото сослушување поврзано за овој случај, се одржа во средата преку „Скајп“, а на него сведочеле и други поранешни партнерки на Деп. Глумецот во деведесетите години беше во врска и со глумицата Винонa Рајдер, која вели дека не може да поверува, за што Деп е обвинет.

Никогаш, но, баш никогаш претходно тој не беше насилен кон мене“, изјавила Винона.

Засега не е познат датумот на идното сослушување, пренесуваат светските медиуми.

 

 

Scroll to Top