Порноактерката сака да проговори за аферата со Доналд Трамп

By

Поранешната американска порноактерка, Стефани Клифорд, позната како Сторми Даниелс, поднесе до Врховниот суд на Лос Анџелес тужба, со која бара да биде прогласена за неважечка забраната да изнесе информации за интимната врска со Доналд Трамп додека бил оженет со Меланија.

Клифорд истакнува дека на документот недостига потписот на Трамп.

Скандалот избувана во јануари кога во јавноста беше објавена информацијата дека Доналд Трамп преку својот адвокат ѝ понудил 130.000 долари за да молчи.

Клифорд наводно ги одбила парите, а во февруари ја обвинила адвокатската фирма на Трамп дека се обиделе по судски пат да ја принудат да го почитува договорот и да не дава сензационални интервјуа за врската што ја имала со актуелниот претседател на САД.

Според соопштието што го објавило „Волстрит џурнал“ во јануари годинава, адвокатот на Трамп, Коен, ѝ дал на Клифорд пари еден месец пред изборите во 2016 за да не зборува за аферата од 2006 година. Односно, периодот по свадбата на милијардерот со неговата трета сопруга, сега првата дама на САД, Меланија Трамп. Четири месеци претходно Трамп и Меланија го добија синот Барон.

 

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX animeflix dragon ball z: Watch Bleach Episode 180

WCOStream mickey and the roadster racers wcostream: Naruto (Dub) Episode 220