Инаку, Зулејка е поранешна мис на својата земја, а своевремено беше и победничка на натпреварувањето „Мис универзум“. Мајка е на едно дете и има совршена линија, која се должи на макотрпното вежбање.
Зулејка на својот инстаграм-профил објави две снимки на кои откри како изгледа нејзиниот тренинг.
Првин вежбаше со сајли, каде што, меѓу другото, го затегнуваше и задникот.
А потоа се пофали со правење стомачни на вреќа за бокс. Таа вреќата ја прегрна со нозете и почна да ги работи стомачните додека тренерот удираше со ракавиците во пределот на стомачните мускули.
Само можеме да кажеме: Зулејка, секоја чест!
Видете како Ривера, ѕвездата од спотот за „Деспасито“, прави стомачни: