Последна шанса за Хари и Меган, ако откријат детали од средбата со кралицата засекогаш ќе им биде затворена вратата од палатата, тврди кралски биограф

Кралскиот биограф и новинар Данкан Ларкомбе тврди дека посетата на Хари и Меган на кралското семејство ќе биде вистински тест за тоа како во иднина тие ќе се развиваат односите. Тој смета дека нивното присуство на јубилејната прослава за кралицата е последна шанса која кралското семејство им ја дава, за барем донекаде да ги подобрат нарушените односи.

„Ако нешто од средбата која се случи викендов излезе во јавност, убеден сум дека кралицата целосно ќе се откаже од нив и повеќе нема да има враќање назад. Тие дојдоа на прославата на јубилејот за Елизабета и повторно се претставија како членови на кралското семејство. И самите се свесни дека тоа е добро за нивниот бренд, но и дека би било одлично за Spotify, Netflix или Penguin, со кои имаат потпишано договори“, рече Ларкомбе.

Доколку и овој пат го изневерат кралското семејство, нема да има место за нова прошка. Ако проговорат детали за кралскиот јубилеј, тоа засекогаш може да им ја затвори вратата од кралскиот двор.

Војводата и војвотката од Сасекс поради големата прослава стигнаа во Лондон, но малку се дружеа со членовите од кралското семејство. Немаше приватна средба со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а кралицата им забрани и да ја сликаат со едногодишната правнука Лилибет, која првпат ја виде во живо.

Кралицата многу внимаваше Хари и Меган да не ја искористат можноста да ја сликаат заедно со Лилибет, а потоа фотографиите да ги објават на нивните социјални мрежи или, пак, да се најдат во момоарите на нејзиниот внук.

„Хари и Меган ќе упропастат сè ако  каква било приватна информации за викендов стигне до медиумите или се најде во некоја негова книга“, рече Ларкомбе.

Според него, Хари и Меган во Британија дојдоа да ги поправат односите, но наместо тоа, тие наишле на ѕид од страна на некои од постарите членови на кралското семејство.

Scroll to Top