Пожар во домот на Џоан Колинс 

Британската актерка Џоан Колинс  (85) им заблагодари на пожарникарите на брзиот одговор по пожарот што избил во нејзиниот стан во Лондон. Таа на социјалните мрежи објави видео снимка од опожарениот ѕид, пренесе АП.

Актерката истотака напиша на својот профил на „Твитер“ дека е благодарна на пожарникарите кои го гаселе страшниот пожар. Колинс додаде и дека нејзиниот сопруг Перси Гибсон бил херој бидејќи се обидел да го изгасне огнот со апарат за гаснење пожар.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека пожарот го предизвикала сончева светлина која се одбила од огледало и ја разгорела текстилната ролетна.

 

Scroll to Top