Позната актерска двојка го откри полот на третото дете: „Целиот мој живот сум опкружен со жени“

Актерскиот пар, кој неодамна го објави доаѓањето на своето бебе на Инстаграм, веќе имаат две ќерки, седумгодишната Аурора и четиригодишната Елиот, а пристигна и трета ќерка, која Патрик Џ. Адамс ја откри ексклузивно за E! News, наведувајќи дека е целосно подготвен за оваа улога.

„Дури и пред да имам три ќерки, имав две сестри. Цел живот бев опкружен со жени“, рече тој на премиерата на серијата „The Madison“ во Њујорк.

Тој рече дека растењето со две сестри го подготвило за живот кој вклучува обрнување внимание на тоа како да се грижи, како да учествува, кога да зборува и кога да молчи.

„И мора многу да молчиш“, се пошегува тој, додавајќи: „Тоа беше едноставно мојот живот. Да бидам опкружен со таа енергија и да се обидувам да сфатам каде се вклопувам и како најдобро можам да помогнам. Сè дојде природно“, рече актерот, инаку ѕвезда на серијата „Suits“.

Тој е во цврст брак со Тројан веќе десет години и тие се голема поддршка еден на друг, но и покрај тоа, признава дека не е од оние што знаат да делат совети за успешни врски.

Scroll to Top